Александрија – Нова Еко Населба

На простор од 150.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек започна да  се гради нова населба во Скопје.

Новата населба е лоцирана на само 5 километри од центарот на Скопје кој е поврзан со постоечки и новопредвиден булевар и на само 150 метри од кружниот тек кај Порта Влае. Овој простор има постоечка здравствена, трговска и социјална инфраструктура кој со новопредвидената урбанизација на просторот и многу зеленило, оваа населба  ќе биде идеален избор за секое семејство. Исто така во населбата ќе има и голем број на игралишта, трговски центар, деловни објекти, бензиски пумпи, градинка, и многу други содржини.

Населбата се наоѓа и на само 200 метри од реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје.

Почетокот на изградба на оваа  населба е предвиден за месец Мај, а првите станбени комплекси се предвидени да бидат вселиви Јули 2017 година. Oваа  населба единствена од ваков тип која нуди врвен квалитет на живеење и современи услови за секое семејство да сечувствува комотно и пријатно во својот нов дом.

ИНФО ЗА ПРОЕКТОТ

Инвеститор Фабрика Карпош
Локација Општина Ѓорче Петров
Површина 150.000 м²
ГОДИНА НА ЗАВРШУВАЊЕ 2017