Residential Estate BELVEDERE

Зошто да го изберете „Белведере ресорт“

Уникатен поглед кoн Скопје и околината
Од прозорецoт или балконoт на вашиот дом имате прекрасен поглед кон урбаната околина, околните скопски планини, како и кон целата Скопска Котлина, од Сарај па сè до Петровец.

Безбедност и удобност
До објектите и до гаражите се доаѓа преку сопствен пристапен пат, сместен во зелен појас кој го изолира комплексот и го прави поинтимен и побезбеден. Апартманите се директно поврзани со гаражите преку лифтови и скали. Комплексот обезбедува современо домување во комфорен и интимен простор, кој одговара на вашите потреби.  Прекрасната природа што го опкружува „Белведере ресорт“ ви нуди можност за долги прошетки и за рекреација.

Јавни содржини
Комплексот е сместен во непосредна близина од максимум 10 минути возење до строгиот центар на градот, близу трговски објекти како „Сити мол“ и пазарот „Тафталиџе“, амбуланти, болници, училишта и универзитети, како и многу спортски и рекреативни простори и објекти.

Во статички смисол објектот преставува армирано-бетонска скелетна конструкција составена од армирано-бетонска ранки ортогонално поставени меѓу себе. Армирано-бетонските рамки се формирани од столбови и ригли.

Според правилникот за градење објекти во сеизмички подрачја објектот има столбови со димензии 50х50цм греди со димензии 40х45цм и плочи со дебелина од 15цм. Сите овие конструктивни носиви елементи се армирани со високо квалитетен челик РА400/500 и се изведени со марка бетон МБ-30.

Објектот е третиран да може да издржи земјотрес кој што се појавува една на 500 год. (Скопски Земјотрес) на 9-ти степен од Меркалиевата сеизмичка скала. Бидејќи објектот се наоѓа на косина од теренот, во неговиот заден дел се предвидени амрирано-бетонски зидови за да може да го издржат земјениот притисок.

Исто така како дополнителна сигурност на објектот во однос на косината на теренот под неговите темели се изведени армирано-бетонски колови, вкопани и до 12м во внатрешноста на тлото.

Сите погоре опишани мерки ја гарантираат статичката стабилност на овој објект но и неговата висока отпорност на земјотресни влијаниа и било каква дестабилизација на околниот терен.

ИНФО ЗА ПРОЕКТОТ

Инвеститор ИМВЕНТА ДОО-Скопје
Адреса ул.Московска бр. 30/9 Скопје,Македонија
Површина 450.000 m2
Година на завршување 2015/Декември
Вебстрана www.belvedereresort.mk