Transport

Транспортот во една градежна фирма е нераскинлив дел од дејноста на истата кој придонесува за успешна реализација и влијае на формирањето на општиот впечаток за компанијата во целост. За таа цел Секторот за транспорт е издвоен како посебна, самостојна единица во Фабрика Карпош и делува како таква, задоволувајќи ги во целост барањата и потребите на Фабриката и секако на сите останати потрошувачи кои имаат потреба од таков вид на услуга, при што професионални лица со соодветно искуство и соодветни транспортни средства обавуваат габаритен и вонгабаритен транспорт.

Секторот за транспорт првенствено врши транспорт за потребите на Фабриката, но секако и за сите останати клиенти и потрошувачи тоа како:

• Транспорт на елементи на градилиштата на Фабрика Карпош,
• Транспорт, односно достава на материјали и елементи за потребите на клиентите на Фабриката,
• Транспорт по налог на надворешни лица, само како услуга за превезување на габаритен и вон габаритен товар.